
Археолошкиот музеј продолжува со ископувања на локалитетот Исар-Марвинци, Валандово. Овогодинешното истражување му донесе нова вредност и нов историски период на локалитетот, а тоа е Првата светска војна. На просторот од римската некропола на доминантен врв, помеѓу римските гробови се откри и истражи долго рововско вкопување долж целиот рид. Од оваа позиција во целост се контролирала…