• Старо камено време

    Старо камено време

    Палеолитската збирка во НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија содржи наоди од локалитетите Макаровец и Голема Пешт, како и разновиден суровински материјал од повеќе микрорегиони на Македонија. При палеонтолошките сондирања во средината на XX век во централниот дел на Македонија во пештерата Макаровец, Велес се откриени пет камени артефакти со најверојатна припадност во горниот…

  • Младо камено време

    Младо камено време

    Хронолошката рамка на македонскиот неолит е компатибилна со постоечката периодизација на Балканот. Во археолошката карта на Македонија досега се регистрирани 200 неолитски локалитети. Во периодот од 6.300 до 4.200 год. п.н.е. на територијата на Македонија се дефинирани две културни групи,  Анзабегово-вршничката (I-IV) и Велушко-породинската (I-IV),  наречени по епонимните наоѓалишта (Барутница, с. Амзабегово-Вршник, с. Таринци; Велушка…

  • Железно време

    Железно време

    Археолошката збирка на предмети од збирката железно време содржи бројни предмети и претставува единствен репрезентативен пресек на железнодопската материјална култура на територијата на Македонија во една хронолошка рамка од XI до крајот на VI век п.н.е. Предметите главно се добиени од археолошките ископувања во изминатите шеесетина год, дел како подарок или запленети од нелегалните ископувања.…

  • Бронзено време

    Бронзено време

    Бронзеното време хронолошки го опфаќа периодот од средината на III милениум пред н.е. до XII век пред н.е. и претставува период на целосна стабилизација во сите сфери на општествениот живот, после преселбите на индоевропските популации и нивната симбиоза со автохтоното население, што резултирало со појава на специфична и оригинална материјална култура. Фондот на археолошката збирка…

  • Бакарно време

    Бакарно време

    Енеолитот или бакарното време го опфаќа периодот од 4.200-2000 год. пр.н.е. Првите сознанија за овој период се добиени со археолошките ископувања и истражувања извршени пред повеќе од шеесетина години. Тогаш за прв пат е констатирана енеолитската населба на Скопското Кале, што ни дава за право да констатираме дека корените на Скопје се во непрекината хронологија…

  • Доцна антика

    Доцна антика

    Доцната антика го означува периодот на преминот од класичната антика во среден век. Одбележен е со значајни реформи кои доведуват до промени во економскиот и културниот развој. Се развива силно стопанство и нова доцноримска култура. Археолошката збирка на предмети од доцноантички период содржи предмети, добиени воглавно од археолошки ископувања, рекогносцирања, по пат откуп. Предметите се…

  • Римски период

    Римски период

    Легендата за градот Рим говори дека во VIII век п.н.е ќерката на кралот Нумитор, Реа Силвија била насила обљубена од римскиот бог на војната – Марс, за подоцна да роди силни машки близнаци. Плашејќи се од нивната божествена природа, кралот наредил децата да бидат удавени во реката Тибар, но тие, под заштита од Боговите, преживеале…

  • Хеленистички период

    Хеленистички период

    Оваа збирка го опфаќа периодот од светската историја познат како хеленистички. Иако науката сè уште не e усогласена околу почетокот и крајот на овој период, најчесто како хронолошки рамки се земаат смртта на Александар III Македонски во 323 год. п.н.е. како почеток, додека за крај на овој период се прифаќа падот на последното хеленистичко кралство…

  • Класичен период

    Класичен период

    Збирката за класичен период во постојаната музејска поставка презентира експонати, кои временски потекнуваат од крајот на V до средината на IV век п.н.е. Тоа е време на значајни општествени, демографски, политички и економски промени во животот на популациите што ја населувале територијата на Македонија и поширокото централно балканско подрачје, а меѓу кои Пајонци, Македонци, Бриги,…